Тачи: Никаква штета нанесена на Србија не ја оправдува штетата во односите (на Косово) со САД

100

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека никогаш досега не ни помислувал дека Приштина ќе се најде во позиција да ги доведе во прашање своите односи со САД.

Во изјава за албанската државна телевизија, Тачи нагласи дека не верува оти некој од коосвките лидери „се чувствува добро“ затоа што на Србија и е нанесена штета од само неколку милиони евра, а за возврат Косово „доби шлаканица до САД“.

– Верувам дека во следните денови и недели ќе најдеме некакво креативно решение. Никаква штета нанесена на Србија не ја оправдува штетата во односите (на Косово) со САД, изјави косовскиот претседател.

Тачи истакна дека Приштина не треба да биде таа која ќе биде посочена како страната што го блокира дијалогот со Белград.

Српските власти одбиваат да се вратат на преговарачката маса со Косово се додека се во сила тарифите за увоз на стоки од Србија, што ги воведе косовската Влада.

Американската амбасада во Приштина вечера информира дека Вашингтон испратил писмо до Тачи, до косовскиот премиер Рамуш Харадинај и до претседателот на Собранието, Кадри Весели, во кое бара суспендирање на таксите, инаку во спротивно најавува воведување „нови санкции“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...