Тачи на одмор во Бодрум, Харадинај во Вусањ

91
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Претседателот на Косово, Хашим Тачи со своето семејство е на одмор во Бодрум, Турција, во еден од најексклузивните хотели, односно вили, каде што ноќевање чини најмалку 5.600 евра,пренесува Танјуг. Тачи, притоа, на располагање има еден батлер, јахта и помошник на плажа.

Косовски премиер во оставка, Рамуш Харадинај пак, се одмора во Црна Гора. „Добро утро од Вусањ, од поранешниот премиер на Косово, кој пристигна кај вујкото”, се вели во коментар на една Фејсбук-страница, објавен со фотографија на која Харадинај позира во градината пред една куќа.

Харадинај неодамна беше во Хаг на сослушување, поради што и поднесе оставка на местото премиер. Изворите говорат дека тој ќе има неофицијални средби и разговори со албанските политичари во Црна Гора.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...