Косовскиот претседател Хашим Тачи, по средбата во Вашингтон со американскиот државен секретар Мајк Помпео, објави дека работи во координација со Соединетите Американски Држави за постигнување мировен договор меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тачи синоќа, по средбата со Помпео, напиша на Твитер дека „Косово е благословено со поддршката од САД“.
– Одлична средба со државниот секретар Помпео. Косово е благословено со поддршката од САД во сите фази на нашата борба за слобода и независност. Сега работиме заедно за постигнување сеопфатен договор меѓу Косово и Србија за мир и за гарантирање на зачленувањето на Косово во ООН, НАТО и ЕУ – напиша Тачи.