Тачи: Ако не се ангажираме во дијалогот со Белград, ќе станеме како Палестина

243

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска ги повика сите косовски политички институции, експерти, претставници на невладиниот сектор и цивилното општество да се ангажираат во дијалогот со Белград заради постигнување консензус за ставање крај на тој процес. Тој оцени дека доколку тоа не се случи, Косово ќе стане втора Палестина.

На вонредната прес-конференција, Тачи оцени дека станува збор за „тешка фаза“ во тој процес и оти Приштина не смее да дозволи да „стане Палестина“.

Тачи истакна дека како претседател сега е подготвен да се обрати до пратениците и граѓаните во врска со последната фаза од дијалогот. Тој дополни дека на договорот „конечен печат ќе даде Парламентот“. Тачи изрази увереност дека разговорите ќе бидат „сериозни и тешки“ , но дека тоа ќе биде последната фаза, која ќе заврши со правно-обврзувачки договор.

– Непогрешливиот пат на Косово е кон ЕУ, НАТО и меѓународните институции. Дијалогот би требало да заврши со реципрочно признавање. Во спротивно, дијалогот се водел попусто – истакна косовскиот претседател.

Тој потенцираше дека Приштина ја „има поддршката од САД и нејзините сојузници“ за дијалогот да заврши со правно-обврзувачки договор.

– Тој процес ќе биде транспарентен, одговорен и ќе се води низ институциите. Немна да има друг привремен договор. Конечниот договор ќе биде во согласност со стандардите и вредностите на евроатлантската рамка – истакна Тачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...