Тахири вели дека се подобрени законите во правниот систем и дека од моментот кога ќе стапат на сила, што се очекува да се случи мошне бргу со нивното објавување во „Службен весник“, судиите и обвинителите ќе ги имаат на располагање инструментите за борба против корупцијата и заплена на незаконски стекнатиот имот.
– Верувам дека идната година ќе биде посилна во борбата против овие појави, бидејќи се зголемени капацитетите во судството и обвинителството и извршивме унапредување на законите, изјави Тахири за порталот „Економиа Онлајн“.
Тој најави дека негов приоритет во идната година ќе биде заплената на имотите кои се незаконски стекнати.
– Годината 2019 ќе биде година во која ќе покажеме успех во конфискувањето на незаконскиот имот и во разбивањето на криминалните групи кои се занимаваа со рекет и каматарење, изјави Тахири.
Косовскиот министер за правда вели дека Владата го исполнила и последниот услов за визна либералзација, а тоа е борбата против организираниот криминал и корупцијата.