Тафталиџанскиот петел ја буди и малата Калина

Фотографијава на гордиот „тафталиџанец“ е авторско дело на соседот Александар Манчевски, во чиј двор најчесто престојува господинот петел...спие на нивното дрво, а накај 2 ноќе паѓа од истото и го буди цело маало. Ало, Зоолошка, да не е ваш?

736

Конечно сонце! Калина, мојата слатка мала сосетка уживаше во дворот со татко ѝ кој ја лулаше на лулашката.

Таа и нејзиниот татко Александар се дел од семејството кое живее отспротива, оние во чиј двор е дрвото по кое скока тафталиџанскиот петел. И нормално, во последно време петелот е неизбежна тема во нашите комшиски муабети.

„Како спиете, нели ви пречи кукурикањето на петелот?“, ги прашав јас, а таткото на Калина, ми одговори: „Како не ни пречи, нас под прозор ни кукурика“. Малечката Калина се придружи на муабетот: „Тука стоеше, еве тука, а еднаш беше и на покривот“, покажува таа со малото прсте.

И навистина, еве и фотографија како доказ: „лепотанот“ исправен во зора на нивниот покрив.

А овие соседи му ја знаат веќе и цела маршрута…

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...