Татко 18 дена поминал пред влезот на пештерата во Тајланд чекајќи го синот да излезе

Таткото на малиот Акарат (14), едно од 12-те момчиња кои беа заробени во пештерата ТАм Луанг во Тајланд, Адисак Вонгсукчан емотивно изјави дека цели 18 дена поминал пред влезот на пештерата.

371

Таткото на малиот Акарат (14), едно од 12-те момчиња кои беа заробени во пештерата ТАм Луанг во Тајланд, Адисак Вонгсукчан емотивно изјави дека цели 18 дена поминал пред влезот на пештерата чекајќи го синот повторно да ја види светлоста на денот. Тој вели дека бил загрижен за синот, што јаде, како живее, дали ќе успее да се спаси.

– Им ветив на другите родители, на тие што нивните деца не излегоа веднаш, дека ќе чекам со нив и ќе си одам кога ќе си одат и тие. Нема да ги напуштам иако мојот син излезе. Ќе минеме низ сè заедно – – изјави тој по спасувањето на неговиот син.

Таткото изрази благодарност до сите што помагале.

Спасувачката мисија за извлекување на децата се одвиваше 3 дена и сега конечно сите се на безбедно во болница. Момчињата и тренерот беа заглавени во пештерата од 23-ти минатиот месец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...