Еден маж, татко и домаќин од француското место Амет, во северозападниот департман Па де Кале, осуден е на година и пол откако е установено дека во детските соби одгледувал канабис.
Полицијата на тоа случајно ги предупредила неговата ќерка.
Со оглед на тоа дека девојчето често изостанувала од наставата, учителката сакала да знае во што е проблемот.
Седумгодишното девојче и одговорило дека не може да седи во својата соба, бидејќи нејзиниот татко таму “одгледува цвеќе“, пишува локалниот весник „La Voix du Nord”.
Откако полицијата извршила претрес на куќата, установено е дека целиот спрат одгледувал канабис. Полицијата го пронашла и целиот прибор потребен за неговото одгледување.
На судот овој четириесетгодишен татко изјавил дека пред три години почнал да пуши марихуана и оти “се навлекол“, односно дневно пушел по десет до петнаесет џоинти.
Минатата есен требал да ја преуреди детската соба, но поради зависноста одлучил да ја претвори во простор за одгледување на канабис.
Пред судот изјавил дека марихуаната не му била наменета за продажба, туку ја одгледувал исклучиво за свои потреби.
Поротата и судијата му поверувале, па осуден е на 18 месеци затвори, од кои половина од времето се однесува на условната казна.