Кина изразила загриженост поради тоа што британскиот премиер Борис Џонсон сè уште не испратил никаква лична порака за поддршка на Пекинг за коронавирусот, јави Би-Би-Си.
Таткото на премиерот, Стенли Џонсон, се сретнал со кинескиот амбасадор Лиу Јаоминг и потоа прекu и-меил го известил министерот, лордот Питер Хенри Голдсмит, за што разговарал со Jаоминг.
Но случајно, по грешка, копија од меилот испратил и во Би-Би-Си.
– Што се однесува до епидемијата на коронавирус, господинот Лиу беше очигледно загрижен, затоа што премиерот (Борис Џонсон) сè уште немал директен контакт со шефот на кинеската држава или влада, во форма на лична порака или телефонски повик, напишал Стенли Џонсон во меилот до британскиот јавен сервис.