Таткото на Меган Марк е очаен, војвотката веќе осум месеци избегнува секаков контакт со него, а неговите обиди да дојде до нејзиниот телефонски број или маил со месеци паѓаат во вода, пишуваат британските медиуми.
Томас Маркл ја преколнува Меган да му е јави и нема намера да престане да се појавува во медиумите, барем додека не ѝ го слушне гласот. Последната изјава ја даде за британски „The Sun“ велејќи дека поминува низ најлошиот кошмар досега.
– Луѓето убиваат 19 луѓе со секира и од своето дете не го добиваат тој однос што јас го добив од Меган. Не ми е јасно што направив? Секогаш бев добар татко. Меган се однесува полошо од ќерка на некој сериски убиец. Тие барем ги посетуваат татковците во затвор -изјавил Томас Маркл.
ФОТО: EPA/ROBERT PERRY