Тамара ќе настапува под името Северна Македонија

157

ЕБУ официјално потврди дека македонската претставничка Тамара Тодевска ќе настапи под името Северна Македонија на претстојниот Евросонг во Тел Авив во мај.

Во известувањето се додава и дека на сите места, како што е делот со информацијата за Македонската телевизија, на пример, досегашната референца „ПЈР Македонија“ ќе биде заменета со Северна Македонија.

МТВ утре ќе објави со која песна Тамара ќе настапи на годинашниот Евросонг.

Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале, беше Калиопи во 2012 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...