Тамара веќе ѝ е позната на јавноста по нејзините клупски настапи. Дваесетдвегодишната пејачка ги завршува студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсек музичка теорија и педагогија.
Со пеење се занимава од седумгодишна возраст, а освен со музика се занимава и со глума во театарот „Дел Арте“ во Битола.
Покрај тоа што е самостоен изведувач, Тамара е член на бендот „Страна Б“ со кој се дел од клупската сцена низ Македонија, и е дел од професионалниот хор „Про Арс”.
Ова е нејзина прва песна, а претходно имаше неколку преработки на познати песни.
Темата со наслов „Друга ѕвезда“ е со потписот на Давор Нечак, музика и аранжман, и Јосип Коцев кој е автор на текстот и ќе биде промовирана утре. Песната ќе биде пуштена со спот кој е дело на Агон Исмајли и Зубер Красниќи.
Еве дел од нејзините преработки: