Тамара Еклстон ја олесниле за накит вреден 50 милиони фунти

98

Накит во вредност од 50 милиони фунти украден е од домот на Тамара Еклстон, ќерката на поранешниот директор на Формула 1, Берни Еклстон.

Накитот бил украден откако во петокот Тамара со својот сопруг и ќерката заминале на божиќен одмор.

Нејзиниот дом се наоѓа во паркот Хајд, а крадците влегле од градината и го ограбиле сефот кој се наоѓал во спалната соба.

Украдени се прстени, обетки и алка вредна 80.000 фунти, која ја добила како свадбен подарок.

Потпаролот на Тамара Еклстон ја потврди веста и додаде дека истрагата е во тек

– Тамара и семејството се потресени поради инцидентот, изјави потпаролот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...