Талибанците тврдат дека има напредок во преговорите со Авганистанците во Москва

52

Официјален претставник на талибанците денеска изјави дека е постигнат солиден напредок во разговорите со високи авганистански политичари во Москва, но дека нема напредок во нивните напори да се стави крај на војната која траеше 18 години и дека нема да бидат потребни нови разговори.

Делегацијата, предводена од талибанскиот главен преговарач  Барадар Акхунд, се состана со политичарите, меѓу кои и високи регионални лидери и кандидати кои се спротивставија на претседателот Ашраф Гани на годинашниве претседателски избори, по интензивираните дипломатски напори за ставање крај на војната.

– Задоволни сме од успешните преговори и се надеваме дека ќе продолжиме со ова темпо и во иднина, изјави портпаролот на талибанската делегација Мохамад Сохаил Шахин, по состанокот.

Тој рече дека се расправало за предлогот за прекин на огнот, но не даде детали околу тоа. Исто така, го повтори талибанското барање за повлекување на меѓународните сили од Авганистан по постигнувањето каков било мировен договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...