Претседателот на српската Социјалдемократска партија, Борис Тадиќ ги отфрла обвинувањата дека опозицијата била прислушувана за време на неговиот мандат и изјави дека министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ не покажал докази за тоа. Напротив, Тадиќ вели дека опозицијата го прислушувала него.
Тадиќ рече дека опозицијата не била прислушувана додека бил претседател, туку биле следени екстремисти и криминалци, како и дека претседателот на Србија не бил „прислушуван“, туку луѓето со кои бил во контакт, а за кои биле изренечни мерки.
Тој уште истакна дека Александар Вучиќ го прислушувал него, за што најави тужба против претседателот на Србија.
Заменик градоначалникот и член на Претседателството на Српската напредна партија Горан Весиќ, по повод информациите на министерот за полиција за долгогодишно прислушкување на Александар Вучиќ, тврдеше дека власта на поранешниот претседател Борис Тадиќ го користела како личност преку која го прислушувале Вучиќ во време кога бил опозиција.
Весиќ , во пишаната изјава наведува дека тој сам за власта на Тадиќ бил еден од главните непријатели, со што, вели, денес се гордее, бидејќи тоа според неговите зборови била најлошата власт во новата историја на Србија.