Магазинот „Пипл“ ја прогласи 47-годишната актерка Џенифер Гарнер за најубава жена на светот, посветувајќи ѝ ја насловната страница на своето посебно годишно издание, насловено „The Beautiful Issue“.
Секоја година „Пипле“ ја прогласува личноста на годината, минатата година за најубава личност беше прогласена пејачката Пинк, а годинава титулата ѝ припадна на Џенифер Гарнер.
„Бев многу изненадена и ми требаа неколку минути да го сфатам тоа и да се воодушевам“, раскажала во краткото интервју објавено на Инстаграм-профилот на магазинот „Пипл“ во кое го објаснила своето сфаќање на убавината
Во интервјуто за магазинот, таа открива како ги балансира кариерата во Холивуд, водењето бизнис и мајчинството.
Освен што е успешна актерка, Гарнер е и мајка на три деца, од бракот со Бен Афлек, коосновач на компанија за бебешка храна и амбасадор на организацијата „Спасете ги децата“.
– Кога и да се вратам дома од некое снимање или од некој настан, децата ми велат: „Дали можеш да ја измиеш шминката, да ја врзеш косата во коњско опавче и да ги ставиш очилата?“ Тоа го сфаќам како голем комплимент, бидејќи тие само сакаат јас да изгледам како мама – рекла Гарнер за „Харперс базар“.
FOTO: Instagram/Printskrin