Та­ња Трај­ков­ска открива: Ар­манд Асан­те до­а­ѓа во Скопје (ФОТО)

Не­ко­гаш­на­та но­ви­нар­ка Та­ња Трај­ков­ска ле­то­во пов­тор­но се срет­на со Ар­манд Асанте, ко­го има­ла мож­ност да го ин­тер­вју­и­ра пред 20 го­ди­ни во Бу­дим­пешта.

1400

Де­но­ви­ве на Феј­с­бук прос­тру­и­ја две фо­тог­ра­фии од те­ле­ви­зис­ка­та но­ви­нар­ка Та­ња Трај­ков­ска кои открија де­та­ли од нејзините средби со филмскиот актер Арманд Асанте.

Јав­нос­та дозна за поз­нан­ство­то со ак­те­рот Ар­манд Асан­те од пред 20 го­дини. Сред­ба­та од пред две де­це­нии ка­ко да е пре­дод­ре­де­на да се пов­то­ру­ва на се­кои след­ни 20 го­дини. Не­ко­гаш­на­та но­ви­нар­ка Та­ња Трај­ков­ска ле­то­во пов­тор­но се срет­на со Ар­манд Асанте, ко­го има­ла мож­ност да го ин­тер­вју­и­ра пред 20 го­ди­ни во Бу­дим­пешта, ре­а­ли­зи­рај­ќи го про­ек­тот „Ев­ро­па на дланка“ на Телма.


От­то­гаш по­ми­нале 20 го­дини за повторно случајно да се сретнат на Хвар во ресторанот„Зори“ на пла­жа­та „Пал­ми­жана“.

Во разговорот ѝ от­крил де­ка тоа што го има Бал­ка­нот, го не­ма ни­ка­де на све­тот – ри­бата, кли­мата, мас­ли­но­во­то масло, си­ре­ње­то со тар­туфи, до­маш­ни­от леб, ви­ното, уба­ви­на­та на же­ни­те и на лу­ѓето….

Актерот ѝ ре­кол де­ка пла­ни­ра да дој­де и во Скоп­је (за пот­ре­би­те на до­ку­мен­тар­ни­от филм, на кој ра­боти, со поз­на­ти­от хрват­ски про­ду­цент и ре­жи­сер Брн­ко Лус­тиг). До­ку­мен­та­ре­цот е по­све­тен на про­те­ру­ва­ње­то на Евре­и­те од Хрват­ска за вре­ме на Вто­ра­та свет­ска војна. За пот­ре­би­те на до­ку­мен­та­ре­цот ве­ро­јат­но и во Скоп­је ќе тре­ба да нап­ра­ви не­ко­ја сцена.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...