Сè повеќе луѓе се откажуваат од Католичката црква

233

Минатата година е зголемен за 14,9 отсто бројот на Австријци кои се откажале од Католичката црква.

Додека на крајот на 2018 година, 5,05 милиони жители беа со римокатоличка вера во Австрија, на крајот на минатата година таа цифра е само 4,98 милиони, според католичката агенција Катпрес.

Според официјалните бројки на бискупската конференција, минатата година 67.583 лица ја напуштиле Римокатоличката црква, споредено со 2018 година – 58.807 луѓе.

Во Австрија, Римокатоличката црква собира црковен данок од своите верници, што може да биде изземен од верниците само доколку тие формално поднесат барање за повлекување од црквата.

Ако се споредат бројките од претходните години, повторно има натпросечно зголемување на црковните напуштања.

Најголем број е забележан во 2010 година кога 85.960 луѓе ѝ „свртеле грб“ на Римокатоличката црква.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...