Сушената брусница е совршена за здравјето, но внимавајте на една работа!

Нејзиното консумирање секако се препорачува, но внимавајте да не претерате во количината. Затоа, обрнете внимание на декларацијата и следете ги препорачаните големини на порциите.

619

Сушената брусница претставува одличен меѓуоброк ако сте во брзање. Содржи многу калории и шеќер, но и мноштво вредни витамини и минерали.

Нејзиното консумирање секако се препорачува, но внимавајте да не претерате во количината. Затоа, обрнете внимание на декларацијата и следете ги препорачаните големини на порциите.

Само една третина мала шолја брусници содржи дури 123 калории и 0,55 грама масти. За среќа, овие се главно здрави незаситени масти кои можат да помогнат да го намалат нивото на холестеролот и да го регулираат нивото на шеќерот во крвта.
Сушената брусница содржи големи количини шеќер. Една третина мала шолја брусници содржи 26 грама шеќер. Тоа е повеќе од шест лажици и претставува дневен лимит на внес на шеќер. Премногу шеќер може да го крене нивото на триглицериди, со што се зголемува ризикот од срцеви болести.

Но, исто така, една третина шолја сушена брусница го снабдува организмот со 0,43 милиграма витамин Е. Овој витамин е антиоксидант кој помага во уништувањето на слободните радикали, кои предизвикуваат оштетување на клетките. Консумирањето на сушени брусници, исто така, ќе ве снабди со железо, калиум и витамин Ц.
Сокот од брусница се препорачува за превенција и лекување на инфекциите на уринариот тракт, но овие мали плодови имаат многу повеќе далекосежни поволности за здравјето.

Истражувањата покажале дека консумирањето на сушената брусница со помалку шеќер може да помогне во регулирањето на нивоата на шеќер во крвта кај лицата со дијабетес тип 2. Сушената брусница задржува многу од своите антиоксиданти и по процесот на сушењето. Антиоксидантите од сушената брусница можат да помогнат во намалувањето на воспаленијата и да го редуцираат ризикот од хронични здравствени проблеми како што се кардиоваскуларните болести.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...