Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) ги суспендира сите летови на авионите од типот „Боинг 737 Макс 8“ во Европа, вклучително и за комерцијалните летови од трети земји.
Одлуката доаѓа по падот на авионот на „Етиопијан Ерлајнс“, по што се по јавија сомнежи дека постојат сериозни дефекти со моделите на „Боинг 737 Макс 8“ и повеќе држави ширум светот ги забранија летовите во нивниот воздушен простор.
ЕАСА истакнува дека постојано ги анализира достапните податоци и дека истрагата за падот на авионот во Етиопија сѐ уште трае.
Поради тоа, ЕАСА не соопштува заклучоци за причините на несреќата, а мерката за забрана на летовите е превентивна. Не е извесно до кога ќе трае забраната.