Суд во Турција одби жалба за ослободување на Брансон

Суд во Измир пред два дена исто така одби жалба за негово ослободување поднесена од адвокатот на свештеникот.

91

Висок суд во Турција денеска одби жалба за ослободување на американскиот свештеник Ендру Брансон од домашен притвор, јавија турски медиуми.

По објавувањето на таа вест во Турција, лирата која загуби 40 отсто од почетокот на годината, намали вредност под 6,21 за долар од претходните 6,04 лири за долар.

Суд во Измир пред два дена исто така одби жалба за негово ослободување поднесена од адвокатот на свештеникот.

Брансон (50) е главна причина за дипломатски спор меѓу САД и Турција поради што САД воведоа санкции и замрзнаа имот на двајца турски министри, но и зголеми царини за увоз на челик и алуминиум од Турција. Турција одговори со воведување двојно повисоки царини за производи од САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...