Врховниот суд на Чиле нареди заплена на имотот на поранешниот диктатор Август Пиноче во вредност од 1,6 милиони долари.
Судот, исто така, осуди тројца поранешни воени претставници за проневера на јавни фондови во случај во кој е вмешан и Пиноче.
Комитет на американскиот Сенат, кој го истражуваше перењето пари во Ригс Банк во Вашингтон, во 2004 година го откри скриеното богатство на Пиноче.
Други негови банкарски сметки подоцна беа откриени во Европа и на Карибите.
Пиноче почина во домашен притвор во 2006 година. Тој не беше суден по обвиненијата за кршење на човековите права или нелегално богатство.