Судот до Анџелина Џоли: Врати ги децата и јави се на психијатриско вештачење

1246

Анџелина Џоли од Британија, иако снима филм, се вратила во Лос Анџелес, САД со своите деца, затоа што судот и наредил да го стори тоа.

Според судски документ до кој дошле од „ТМЗ“, на холивудската актерка и било наредено да се врати со децата, затоа што, согласно судската одлука, таткото Бред Пит има право да биде со децата не помалку од четири часа секој втор ден во работни денови и секој втор ден по 12 часа во неработни денови.

Бред и Анџелина неделава повторно се враќаат во судница за да дискутираат за прашања поврзани со старателството. Според информацијата на „ТМЗ“ судијата наредил и чека психијатриско вештачење од страна на најмалку еден експерт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...