Судот во Стразбур пресуди, затворот во Загреб има понижувачки третман

58
ФОТО: EPA / PATRICK SEEGER

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда со која се утврдува дека се несоодветни условите на затворениците во затворот во Загреб, кои достигнале ниво на „понижувачки третман“.

Судот во Стразбур заклучи дека поднесувачот на тужбата Душан Улемек во одредени периоди од издржувањето на казната имал на располагање помалку од три „квадрати“ личен простор.

Тие, исто така, потсетија дека загриженоста за условите во затворот во Загреб била изразена во нивните извештаи од страна на хрватскиот Уставен суд, но и од јавниот правобранител и Европскиот комитет за спречување тортура и нечовечно или понижувачко постапување или казнување.

Судот му додели на оштетениот сума од илјада евра во однос на нематеријална штета и 2.890 евра за трошоците на постапката.

Оваа пресуда сè уште не е конечна и ќе стане доколку ниту една од страните во постапката во рок од три месеци од денот на објавувањето на пресудата не поднесе барање за нејзино преиспитување.

ФОТО: EPA / PATRICK SEEGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...