Судан ослободува лица уапсени за време на протестите против Омар ал-Башир

38

Суданските власти објавија дека ќе ги пуштат на слобода сите луѓе уапсени за време на протестите против претседателот Омар ал-Башир.

Државната разузнавачка и безбедносна служба (НИСС) од почетокот на демонстрациите во декември уапси повеќе од 1.000 демонстранти, лидери на опозицијата, активисти и новинари.

– Шефот на НИСС издаде наредба за ослободување на сите лица уапсени за време на инцидентите – стои во соопштението на Министерството за информации.

Заменикот на началникот на суданскиот Генералштаб претходно изјави дека армијата е „подготвена да одговори на секоја закана“. Тоа беше прв пат од почетокот на протестите армијата да се огласи.

САД и ЕУ месецов го повикаа Судан да ги ослободи „арбитрарно“ уапсените активисти.

Ал-Башир, кој е на власт од 1989 година, ги отфрли барањата да поднесе оставка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...