Сугарески: Следната недела ќе распишеме повик за 37 социјални станови во Струмица

306

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, најави дека во текот на следната недела Министерството ќе распише јавен повик за распределба на 37 станови за најранливите групи граѓани во Струмица.

– Владата посветува особено внимание на ранливите категории граѓани и заеднички работиме и правиме сѐ што е во рамките на нашите можности и надлежности за да им обезбедиме подобар живот. Во согласност со критериумите, на јавниот повик ќе може да се јават само социјално загрозени лица, и тоа: деца без родители, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, самохрани родители со малолетни деца, слепи лица корисници на социјална помош и припадници на ромската заедница, кои се социјално загрозени. Огласот ќе трае 30 дена, а сите документи ќе може да се достават до Центарот за социјални работи во Струмица – изјави  Сугарески.

Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски, истакна дека зградата ги задоволува сите енергетски стандарди и најави дека во тек се повеќе проекти од овој тип.

– Очекуваме во многу бргу да биде ставена во употреба и зградата во Гостивар, а исто така веќе имаме почнато и со постапка за избор на изведувач на зграда со 312 стана во општина Бутел. Очекуваме на почетокот на февруари договорот да биде потпишан и да почне изградбата.Паралелно работиме на подготовка за проектирање вакви згради на 5 локации во Македонија, а во постапка за избор на изведувач се и проектите за изградба на социјални станови во Пробишип и Неготино“ – изјави директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, нагласи дека Општината е партнер на сите проекти што ги реализира Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...