Сугарески најави градежна офанзива

Ова го тврдам со сигурност, бидејќи од март годинава отпочна силна градежна офанзива на целата територија на државата. Се градат патишта, пруги и други капитални проекти.

418

Градежните работи и други капитални проекти на патната мрежа ќе придонесат за раст на градежништвото во втората половина на оваа година со што позитивно ќе влијаат врз растот на Бруто домашниот производ, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по увидот на градежните работи на државниот пат Гостивар-Кичево.

– Во втората половина од 2018 година ќе имаме силен раст во градежништвото и тоа позитивно ќе влијае врз бруто домашниот производ. Ова го тврдам со сигурност, бидејќи од март годинава отпочна силна градежна офанзива на целата територија на државата. Се градат патишта, пруги и други капитални проекти. Резултатите ќе бидат видливи во следниот квартал, кога и очекувам зголемени бројки кои ќе покажат и сериозен раст на градежништвоото -рече Сугарески.

Како потврда, Сугарески ги напомена градежните активности на повеќе патишта меѓу кои реконструкцијата и рехабилитацијата на патот Гостивар-Кичево до селото Колари, за што се инвестирани 6,2 милиони евра.

Поголемиот дел од планираните активности на овој патен правец со должина од 28,3 километри се завршени.

– Патниот правец Гостивар-Колари е од огромна важност за жителите во западна Македонија, бидејќи е единствена патна врска што ги поврзува сите населени места од Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово. Патот беше во многу лоша состојба и затоа беше потребна негова реконструкција. Очекувам годинава да отпочне и реконструкцијата на патот од Колари до Кичево за што се предвидени 1,4 милиони евра. Нашата цел изградба на функционална патна мрежа на Коридор 8 која ќе овозможи брз и безбеден превоз на стоки и патници – изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

Китанов, нагласи дека во фаза на проектирање на новиот пат од Гостивар до Кичево, кој ќе се работи во три фази. Во тек е проектирањето на делот од Кичево до Букојчани, а интензивно се работи и на автопатот Кичево Охрид.

Насокоро треба да почнат и подготовките за проширување на патниот правец Гостива-Тетово за уште една лента. Со 14 милиони евра, пари добиени од Светска Банка се работи на реконструкција на 12 локални и регионални патишта со должина од 150 километри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...