Сугарески: Наскоро нов анекс договор со Синохидро

Паралелно се работи на препроектирање на пропустите поврзани со тунелот, свлечиштето и пристапните патишта.

265

Со кинеската компанија Синохидро моментално се водат финалните преговори за интензивно да продолжи изградбата на автопатот Кичево – Охрид, најави вечерва министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Очекувам до крајот на месецов да поднесеме до Владата и до Собранието нов анекс на договор со кој ќе се ослободат 230 милиони евра и на тој начин ќе се интензивира градбата. Со самото ослободување на средствата кои ќе можеме да ги алоцираме по различни ставки, ќе може да продолжи изградбата и да се платат компаниите кои работат на изградбата на автопатот – рече Сугарески во интервју за ТВ Канал 5 и додаде дека изведувачите и подизведувачите и во моментво работат во делот кај што нема проблеми.

Тој нагласи дека паралелно се работи на препроектирање на пропустите поврзани со тунелот, свлечиштето и пристапните патишта.

За автопатот Скопје-Штип, чиј рок за изведба истекува на 30 септември годинава, рече дека очекува да биде навреме завршен.

– Имваме средба со Синохидро и подизведувачите и нашите очекувања се дека до 30 септември овој автопат ќе биде комплетно завршен и пуштен во употреба – потенцира Сугарески.

Во моментов додаде, интензивно се работи и на експресниот пат Крива Паланка – Ранковце. Има интензивирање и на активноста на делот од Крива Паланка до границата, каде ќе бидат реконструирани пет километри, а на осум ќе биде изграден нов патен правец.

Сугарески им порача на граѓаните дека се сигурни и безбедни сите мостови кои се изградени на државните патишта и се во надлежност на државата.

– На Коридорот 10 НАТО ги има реконструирано сите мостови, а на Коридорот 8 во тек е реконструкција по сите европски стандарди на пет мостови на патот Кичево-Гостивар, а наскоро ќе се санираат седум други мостови – посочи Сугарески.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...