Сугарески: Наредните месеци да се реконструираат уште 450 километри патишта

Сугаревски додаде дека освен овој патен правец, на кој досега е завршено асфалтирањето на 8,2 километри, се работи и на повеќе други, како што е правецот Берово-граничен премин Клепало, потоа од Делчево до границата со Бугарија, поврзувањето со почнувањето на изградба на автопатот Скопје-Блаце и делот на поврзувањето на Битола со преминот Меџитлија.

366

Изградбата на патиштата не е само заради потикнување на економскиот раст, туку тоа подразбира и регионално поврзување не само меѓу нашите градови, туку и со соседните држави. На патот Струмица-граничен премин Ново Село се работи интензивно на поврзување со Република Бугарија.

Ова го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при увидот на работите на овој патен правец, кој што се рехабилитира во должина од 12,3 километри, а вредноста на инвестицијата изнесува 1,8 милиони евра обезбедени од Светска банка.

Сугаревски додаде дека освен овој патен правец, на кој досега е завршено асфалтирањето на 8,2 километри, се работи и на повеќе други, како што е правецот Берово-граничен премин Клепало, потоа од Делчево до границата со Бугарија, поврзувањето со почнувањето на изградба на автопатот Скопје-Блаце и делот на поврзувањето на Битола со преминот Меџитлија.

– Во континуитет работиме интензивно на тоа што значи поврзување со другите држави, на регионално поврзување и на тој начин ќе го подобриме транспортот. Јас сум исклучително задоволен што ние како Влада и ресорно Министерство и Јавното претпријатие како имплементатор на сите овие договори, се реализира тоа што го најавувавме на почетокот на годината – потенцираше Сугарески.

Оцени дека во екот на градежната сезона се работи на многу патни правци, а изградбата на експресните патишта оди со добра динамика. Тој го најави и проектот за изградба и реконструкција на локални патишта од 70 милиони евра обезбедени преку кредит од Светска банка, кој треба да се имплементира од почетокот на есента и со тоа ќе се помогне на општините за да ја подобрат локалната патна инфрастуктура.

– Во наредниот период очекувам да се реконструираат уште 450 километри и до крајот на оваа градежна сезона очекувам тоа што беше зацртано и во Владината програма и во програмата на СДСМ во 2016 година да се реализира во целост. Со новата програма за 2020 година ќе го завршиме тој четиригодишен циклус со кој ќе ги исполниме сите ветувања во патната, комуналната, железничката и другите видови инфраструктура, со цел не само исполнување на програмата, туку граѓаните да добијат бенефити од сето тоа – рече министерот за транспорт и врски Сугарески.

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, патниот правец Струмица-граничен премин Ново Село е еден од 12-те патни правци што се градат со средства од Светска банка по т.н. „жолт видик“, со кој се опфатени патиштата кои се најмногу оштетени во државата.

– Ако некој од населението прашате кога овој патен правец е направен ќе ви кажат „од времето на Тито“. Многу е ветувано од минатите влади и во изминатиот период, но ете ние го реализираме тоа што го ветивме. Самата фреквенција покажува дека овој пат повеќе не може да ја апсорбира и затоа веќе се проектира експресен пат од граничниот премин Ново Село до Струмица и експресен пат кој ќе продолжи заедно со обиколницата до Коридор 10, кај Гевгелија и Смоквица – најави директорот Китанов.

Додаде дека до крајот на годината ќе се заврши рехабалитацијата на патишта во должина од 500 километри, а посебно и изградбата на новите патишта. Покрај тоа потенцираше дека во изградба е регионалниот пат Старо Коњарево-Ново Коњарево во Општина Ново Село во должина од 3,4 километри.

Информираше дека до крајот на овој месец ќе почне рехабилитацијата на патниот равец Радовиш-Струмица во должина од 5,5 километри, како и на регионалниот пат Струмица-Берово во должина од 10 километри. Освен тоа ќе се изработи проектна документација за патните правци Струмица-Валандово, Радовиш-Струмица на ниво на експресен пат, како и за изградба на регионален пат меѓу селата Долни Липовиќ и Рич.

На увидот министерот Сугарески и директорот Китанов беа придржувани од пратеничката Катерина Кузмановска и градоначалниците на Струмица, Коста Јаневски и на Босилово, Зоран Зимбаков.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...