Сугарески: Завршува изградбата на гасоводот Штип-Неготино

Надминати се речиси сите проблеми и ако оваа година ги решававме експропријациите, веќе од следната година изградбата на терен ќе се случува со забрзано темпо, рече Сугарески.

257

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска соопшти дека изградбата на магистралниот гасовод од Штип до Неготино. која е долга 36 километри е во завршна фаза и ќе заврши многу брзо.

-Оваа делница од гасоводната мрежа е веќе во завршна фаза, како што сум информирам, изградбата ќе заврши во најскоро време и веднаш потоа ќе се пушти во употреба.Тоа ќе значи голем бенефит за сите граѓани и компании од овој регион. Сакам да истакнам дека изградбата на гасоводната мрежа низ Македонија почна да се одвива со забрзана динамика. Надминати се речиси сите проблеми и ако оваа година ги решававме експропријациите, веќе од следната година изградбата на терен ќе се случува со забрзано темпо – рече Сугарески.

Гасификацијата е, нагласи, врвен приоритет на Владата и затоа мора да се искористат сите ресурси за да може што побрзо да заврши изградбата и сите граѓани и компании да ги почуствуваат придобивките од гасот. За граѓаните тоа ќе значи поефтин енерген и заштеди во нивните буџети, бидејќи со гасот се намалуваат трошоците за електрична енергија.

За компаниите воведувањето на гасот ќе значи пониски трошоци и поконкурентни производи.

– Силно сме посветени на овој проект и затоа мораме да го искористиме овој неколкукратен бенефит од воведувањето на гасот.За следната година се предвидени 1 милијарда и 557 милиони денари за овој проект- рече Сугарески.

Тој информира дека на претпоследната седница на Влада се задолжи Министерството за економија да формира работна група која ќе одлучува за најефикасниот модел за развој на системи за дистрибуција на природниот гас во Македонија.

Директорот на МЕР, Бајрам Реџепи информираше дека паралено се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп, па се до Битола во долѓина од 92 километри.

-Има околу 40 проценти на реализација на градежните работи. Вредноста на инвестицијата е 36,4 милиони евра. Интензивно се работи и на делницата од Тетово до Гостивар, инвестиција од 29 милиони евра. Таму има околу 35 отсто реализација на градежните работи. -Генерално ги надминавме сите пречки и сега засилено работиме на изградба на магистралите. Во следната година најавуваме уште позасилено темпо на работа и она што сме го зацртале ќе го реализраме, а тоа е гасот да го донесеме до сите домаќинства- рече тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...