Наскоро јавноста преку акционерското друштво во државна сопственост Македонски енергетски ресурси – МЕР ќе биде информирана за се што се случува со изградбата на гасоводот на делот кај Водно, најави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
– Во повеќе наврати обезбедивме јавни дебати со екологистите. Бидејќи МЕР ги склучува договорите со компаниите, за се што како новина е постигнато комплетно ќе објасни директорот на МЕР. Ќе се изјасни за она што се случува на терен за да нема шпекулации дали она што е договарано таму е така или не – изјави Сугарески.