Ивана Николоска од Прилеп, која живее во Мелбурн, е два милионитиот патник на Скопскиот аеродром.
Таа претпладнево пристигна од Доха со летот на „Катар Ервејс“, а на аеродромот беше пречекана од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, извршниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и претставници на компанијата.
Во кусата изјава за медиумите Николоска рече дека доаѓа во Македонија за претстојните празници и оти е изненадена, но и среќна што токму таа е два милионитиот патник.
– Ова е навистина големо изненадување. Многу ми е мило што јас сум избраниот патник. Се надевам дека ќе се множат уште многу во иднина- рече Николоска.
Со зимскиот ред на летање од Меѓународниот аеродорм Скопје функционираат 37 редовни авиолинии до 35 дестинации.