Премногу опции во игротеките и во детските соби може да го преокупираат и преоптоварат детето, така што тоа не може да се фокусира – или да научи нешто од – било која од нив, открива неодамнешната студија.
Намалувањето на бројот на играчки резултира со покреативна, имагинативна игра, откриваат истражувачите.
За студијата, истражувачите од Универзитетот во Толедо им дале на децата по 4 или 16 играчки.
Децата со помалку играчки се занимавале со секоја играчка подолго време, ја проучувале, ја набљудувале и експериментирале со неа.
„Поголемиот број на понудени играчки го намали квалитетот на детската игра”, пишуваат авторите на студијата. „Помалку играчки одеднаш може да им помогнат на децата да се фокусираат подобро и да играат покреативно”.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey