Студија: Се повеќе студенти во САД се гладни или се бездомници

Околу 50 отсто од студентите на двегодишни програми и околу 44 отсто од оние кои се на четиригодишни студии во истражувањето рекле дека се плашат дали ќе останат без храна. Во двете групи на студенти, 30 проценти не јаделе кога биле гладни бидејќи не можеле да си го дозволат тоа.

100

Се поголем број студенти од САД се гладни или се бездомници, според студија од непрофитабилната организација „Hope Center for College, Community and Justice”.

Во нивната студија биле вклучени повеќе од 167 илјади студенти на 101-на двегодишна програма на државни универзитети и четиригодишни програми на 68 универзитети.

Речиси половина од учесниците во студијата, велат дека во период од еден месец пред истражувањето барем еднаш почувствувале „неизвесност дали ќе можат да бидат во можност самите да купат доволно храна, односно – дали ќе биде во можност да ја набават на социјално прифатлив начин”.

Околу 50 отсто од студентите на двегодишни програми и околу 44 отсто од оние кои се на четиригодишни студии во истражувањето рекле дека се плашат дали ќе останат без храна. Во двете групи на студенти, 30 проценти не јаделе кога биле гладни бидејќи не можеле да си го дозволат тоа.

Станбеното прашање исто така е голем проблем. Дури 18 проценти од младите луѓе во програмите на две години и 14 отсто од додипломски студии, велат дека тие се без покрив над главата. Некои од нив се изјасниле дека живеат со своите роднини или пријатели, или спијат по туѓи кревети додека други се експлицитно навеле дека живеат надвор, во засолниште или камп.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...