Spyce е нов ресторан во Бостон со роботска кујна која ја подготвува вашата храна за три минути или помалку.
Четворица дипломирани студенти на МИТ универзитетот во Масачусетс, Мајкл Фарид, Брејди Најт, Лук Шлутер и Кејл Роџерс го создале концептот на роботска технологија и ресторан уште додека биле на колеџ.
Познати како „Spyce Boys“, основачите биле инспирирани од своите искуства како гладни студенти со „тенки“ буџети. Роботичката кујна всушност е дизајнирана да ја подготвува храната, да готви, па дури и да се исчисти.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.