Студенти од Бристол собрале 1.500 фунти за чистачот да може да се врати дома

- Ти ни ги разведруваш деновите и сакаме да знаеш дека го цениме тоа и те сакаме - пишува во писменцето.

373

Студенти од британскиот Универзитет на Бристол собрале 1.500 фунти за нивниот миленик – универзитетскиот чистач Херман Гордон да може да си го посети семејството во Јамајка за празник.

– Тој е симбол на среќата, се вели во објавата на интернет страницата „Just Giving“ – преку која се собираа средствата.

Подарокот Гордон го доби со порака од дарежливите студенти.

– Ти ни ги разведруваш деновите и сакаме да знаеш дека го цениме тоа и те сакаме – пишува во писменцето.

Чистачот сето тоа го прими со солзи и огромна благодарност кон студентите, нагласувајќи дека „позитивната енергија мора да продолжи“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...