Струјата што ја трошевме во септември е од домашно производство

Во септември земјава потрошила 536.533 мегават часови електрична енергија.

129

Во септември 91,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 95,2 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември земјава потрошила 536.533 мегават часови електрична енергија, 35,476 милиони нормални кубни метри природен гас, 433.043 тони јаглен и 87.726 тони нафтени продукти.

Споредбата за девет месеци годинава со истиот перод лани покажува дека увозот на електрична енергија е намален за 3,6 отсто, додека, пак, извозот на електрична енергија бележи раст од 60,6 отсто.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...