Традиционалната Книжевната манифестација „Струшки книжевни средби – 2018“, годинава, во терминот од 5 до 7 јули, прераснува во регионална со настаните што ќе се одржат на повеќе локации во општините: Струга, Охрид, Дебрца и Вевчани, додека по бројноста и нивото на учесниците од Македопнија, Србија, Хрватска, Албанија, Русија, Германија и Словенија – е интернационална.
Ова, го нагласи претседателот на Културниот центар „Бран“ и главен и одговорен уредник на „Бранувања“ , Петко Шипинкаровски на денешната прес-конференција во Охрид.
На манифестацијата, во улога на автор, доага и членот на Светската Академија за поезија при УНОСКО од Верона, Мајо Даниловиќ, кој, истовремено, е и претседател на Одделот за Балканот и словенскиот свет.
Учесниците, ќе бидат примени од градоначалниците на Струга, Рамиз Мерко, на Вевчани, Сашо Јанкоски и на Дебрца, Зоран Ногачески.
– Тридневнмата манифестација содржи бројни случувања, како поетски читања, ликовна изложба, мала Ликовна колонија, промоции на книги, доделување на наградата, „Струшко слово“ на добитниците за 2018 година Никола Шимиќ Тонин (Хрватска) и Јордан Ѓорчев (Македонија), доделување на наградата „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ за 2018 година, доделување на наградата „Книжевна далга“, за 2018 година, на добитникот Виктор Шеќероски, како и доделување на наградата „ Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна на средбите – потенцираше Шипинкароски.
За учесниците е планирано разгледување на Ликовната галерија во село Белчишта, на природниот резерват “Сини Вирој”, посета на родната куќа и “Спомен собата” на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца во село Црвена Вода. За овој дел од програмата – информираше новинарот и писател-публицист Веле Митаноски.
– Во Црвена Вода, на 7 јули (Иванден), со почеток од 12 часот, ќе се одржи последната манифестација од Книжевната манифестација „Струшки книжевни средби – 2018“. Уучесниците и присутните гости, ќе имаат можност да го погледаат ИЗБОРОТ од вредните дела на реномирани ликовни уметници – учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, мегу кои: Јордан Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други – нагласи Митаноски.
На самото место, на мини ”Ликовната колонија”, свои ликовни дела ќе создава познатото уметничко и брачно дуо: Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, единствени, како такви, на Балканот.
Поетите ќе читаат песни од своето творештво.
Македонските и српски писатели се членови на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија, додека од Хрватска,се членови на “ХKД” од Задар и “Ритам мисли” од Вараждин.
Тие во Македонија доагаат во соорганизација на невладината асоцијација, “Хрватско-македонската Тагента”, чии членови и задолжени лица, по одделни области, се новинарот Веле Митаноски и амбасадорот Љупчо Арсовски, кој и ќе ги поздрави.