Струмичкото „Забрането смеење“ вечерва на „Скопско лето“

55

На „Скопско лето“ вечер од 20 часот во Театар Комедија е претставата „Забрането смеење“ од Миро Гавран во режија на Игор Ивковиќ и во продукција на театарот „Антон Панов“ од Струмица.

Претставата ги исмејува бесмислените, лажни и себични споделувања емоции. На комичен начин зборува за хипокризијата во секојдневните односи меѓу луѓето, за лажните компромиси што се прават во бракот и за сексуалните фрустрации што произлегуваат од нив.

Учествуваат актерите Стојан Велков, Јасмина Вучкова и Анкица Бенинова. Преводот на текстот од хрватски и неговата сценска адаптација ги направи Горјан Милошевски. Валентино Апостоловски работеше на сценските движења и танците, костимографи се Маре Трајковска и Ванчо Василев, дизајнот на сцената е на Маре Трајковска, а музиката  на Виктор Апостоловски и Ставре Ангелаков.

На програмата на „Скопско лето“ вечер од 20.30 во Музејот на македонската борба е и концертот на „Пијано трио“, составено од пијанистот Шкељзен Бафтиари, виолинистката Лида Алиу и виолончелистот Енис Аљи.

На програмата  „Кафе кино“, пак,  од 21 часот  во Сули ан ќе биде прикажан швајцарскиот документарец „Хотел Југославија“ по сценарио и режија на Николас Вањиер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...