Во галеријата „Вангел Коџоман“ во Струга вечерва ќе биде отворена стрип изложба „Стрип бран – стрип насекаде“, на која ќе бидат претставени наградени стрипови од последниот Интернационален стрип салон во Велес и дела од повеќегодишниот опус на македонски автори.
На настанот ќе бидат промовирани изданијата на Стрип центарот на Македонија, односно стрип книги и списанијата „Креатор“ и „Стрип алманах“.
Како што најавија организаторите, музејот „Доктор Никола Незлобински“ и центарот за култура „Браќа Миладиновци“, ќе бидат претставени стрипови на македонски и албански јазик.
Целта на настанот, како што посочуваат е развој на стрип културата во Република Македонија.
Проектот е финансиран преку програмата „Нов културен бран“ на Министерството за култура на република Македонија.