СТРАШНО Клебсиела затвори родилишта во Јоханесбург, бебиња умираат

Во породилиштето и на одделението за неонатологија пополнети се 132 отсто од капацитетите на тие институции.

238

Јужноафрканските здравствени власти објавија дека шест новороденчиња починале од инфекција со бактеријата Клебсиела.

Поради тоа, неколку државни болници во Јоханесбург се затворени.

Најавено е и затворање породилишта по голем број случаи на инфекција со таа бактерија, која е отпорна на конвенционална антибиотска терапија.

Клебсиела е опасна ако имуниот систем на пациентот е ослабен.

Министерот за здравство на Јужна Африка изјави дека болеста избила поради преголем број пациенти во болници, што спречило спроведување неопходни превентивни мерки. Во породилиштето и на одделението за неонатологија пополнети се 132 отсто од капацитетите на тие институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...