Индиските власти евакуираа речиси 300.000 луѓе од западниот брег поради многу силен циклон кој се очекува денеска, јавија локалните медиуми.
Индискиот Метеоролошки завод наведува дека циклонот Вају, што на хинди јазик значи ветар, би можел само да ја допре западната држава Гуџарат, наместо да ја опустоши, а потоа да се врати во Арапското Море.
Во Веравал, центарот на индиската рибарска индустрија, каде се очекуваше Вају да го погоди копното, плажите ги зафати силен ветар и дожд, а огромните бранови кршеле рибарски бродови.
Ветерот со брзина и до 180 километри на час и тешките услови на море би можеле да потраат и до 12 часа.