Странски инвеститори во земјава и посебно компаниите германски инвестиции се оптимисти во однос на тоа како ќе се одрази техничката рецесија на германската економија. Според нив, не треба да се очекува дрстичен пад на извозот во ова земја. Дел од компаниите дури планираат зголемено производство и извоз за годинава.
Министерката без ресор задолжена за странските инвестиции Зорица Апостолска вели дека Владата е во постојан контакт со дел од компаниите странски инвестиции во земјава, но и со Делегацијата на германското стопанство.
– Од нив доаѓаат оптимистички пораки во поглед на трговската размена помеѓу двете земји во услови на техничка рецесија на германската економија – вели Апостолска.
Во земјава функционираат и околу 200 германски комапнии, со околу 18 илјади вработени кои исто така не очекуваат драстични промени во релациите со Германија.
– Имајќи ги предвид развојните планови на дел од нив, особено на оние кои работат во технолошко-индустриските развојни зони, нашата економија може да очекува понатамошно зголемување на нивното производство, нови вработувања и продолжување на позитивните трендови во делот на извозот кој го остваруваме во Сојузна Република Германија – вели таа.
Министерката задолжена за станските инвестиции смета и дека ваквите очекувања на компаниите имаат потврда и во ивозните резултати реализирани во двата квртала во кои германската економија забележа негативен раст.
– Во вториот квартал од годинава, за кој е нотирана техничката рецесија во Германија, статистичките показатели укажуваат на понатамошна позитивна динамика во трговските релации, со раст во обемот на трговската размена, вклучително и во делот на извозот кој го остваруваме во оваа европска земја. Во периодот јануари-април годинава извозот во Геманија пораснал за 20,1% споредено со истиот период лани, додека пак во периодот јануари-јуни растот на извозот е 22%, што значи дека имаме позитивни економски трендови во овој квартал, а кои очекуваме да продолжат и во наредниот период – вели Апостолска.
Германија е најзначајниот трговски партнер на нашата земја со која во трговската размена остваруваме и значен суфицит, со позитивни и стабилни трендови. Во 2018 година нивото на трговската размена изнесуваше 3,6 милијарди евра, а само во првата половина од 2019 година е на ниво од 2 милјарди евра од кои 1, 56 милијади се извоз на македонски производи, а 464 000 евра се увоз.