Доколку сакаат да ги оспорат царинските бариери кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, членките на Светската трговска организација треба сами да вложат жалба во таа институција, изјави портпаролот на СТО.
Генералниот директор на СТО Роберто Азеведо изјави дека ја разбира желбата на Трамп да создаде работни места во САД и да ги зголеми платите, но оцени дека земјите кои заземаат поцврст став во однос на трговијата треба да внимаваат да не предизвикаат „домино ефект“ кој би можел да им попречи за остварување на целта.