Стотици вработени во „Амазон“ отворено ја критикуваа еколошката позиција на онлајн малопродажниот гигант и за нарушување на политиката за комуникација на компанијата.
Повеќе од 300 вработени се потпишаа под пост на блог на Амазон под името Службеници за климатска правда (AECJ), и ја повикаа компанијата да отиде подалеку во својот план за справување со климатските промени, кој беше објавен во септември.
Членовите на групата јавно ја критикуваа компанијата, но некои беа предупредени дека можат да бидат отпуштени од работа.
Протестот е најголемата акција на вработени откако „Амазон“ се закани дека ќе отпушти работници поради тоа што се изјаснуваат за улогата на компанијата во климатската криза, соопшти AECJ.
– Како работници на „Амазон“ ние сме одговорни не само за успехот на компанијата, туку и за нејзиното влијание. Наша морална одговорност е да кажуваме гласно и промените во комуникациската политика не спречуваат да ја извршиме таа одговорност – рече Сара Трејси, инженер по разработка на софтвер во „Амазон“.
Според годишен извештај на компанијата, „Амазон“ на крајот од 2018 година имал околу 650.000 постојани вработени.