Француските војски и нивното надлежно министерства се цел на стотина кибер напади годишно, изјави денеска француската министерка на војските Лоранс Парли, при претставувањето на француската доктрина за офанзивна информатичка (кибер) војна.
– Во 2017 година, имаше 700 безбедносни инциденти, вклучувајќи и стотици напади на мрежата на Министерството. Во 2018 година, тој број достигнат е во септември. Тоа значи дека во текот на еден ден просечно има два безбедносни инцидента што ги погодуваат службите на нашето министерство, нашите операции, нашата техничка експертиза, па дури и наставата во воена болница – наведе таа во говорот посветен на дигиталните закани.
Според Флоран Парли, серверите на француското Министерство за одбрана, особено биле цел на кибер напад кон крајот на 2017 година и во април 2018 година во текот на кој „напаѓачот се обидел директно да пристапи до содржината на имејл-пораките на 19 високи службеници на министерството, вклучувајќи ги и оние на некои чувствителни личности “.