Стопанска комора одбележа 97 години развој

Идејата за заенички регионален производ која потекна од коморскиот инвестициски форум денеска покрај претседателот на Стопанската комора Бранко Азаски ја образложија и претседателот на Српската комора Жанко Чадо и на Стопанската комора на Косово Берат Рукиќи.

805

Идејата за единствено економско подрачје на регионот на Западен Балкан беше потенцирана и на 97-та годишнина од формирањето на Стопанската комора која  беше одбележена денеска со доделување признанија и награди за компании и поединци кои дале придонес во развојот на економијата и коморското здружување.

Идејата која потекна од коморскиот инвестициски форум денеска покрај претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ја образложија и претседателот на Српската комора Марко Чадеж и поранешниот претседател на Стопанската комората на Косово, Сафет Ѓерѓелиу.

– Ние сме мали земји и не можеме да играме со големите компании светски играчи, затоа треба да се здружиме и да понудиме еден добар производ кој ќе биде конкурентен. Само така ќе може да се поврземе со светските брендови – рече Чадеж.

Гергелиу, кој со своите идеи за заеднички регионален производ е неприфатен во Косово, рече дека е потребен дијалог и почитување на договорите во регионот за да може бизнисите да соработуваат.

– Наша заедничка цел како мала земја е да постигнеме повисоки стапки на раст од просекот на регионот, да ги стимулираме оние што создаваат нова вредност, а тоа е -реалниот сектор – рече Азeски.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања кој присуствуваше на свеченоста рече дека Стопанската комора е една од организациите која е најдолговечна во земјата и ретко која организација може да се пофали со 97 годишно постоење.

– Комората ја препознавам како место кадешто се развива македонската економија, во соработка со другите комори, со најголем број на членки кои во голема мера го создааваат бруто домашниот производ на Република Северна Македонија – рече  Анѓушев.

На свеченоста беа доделени признанија и награди на компании, на поединци како и на странски амбасади, на невладини организациии и на асоцијации. Награди беа доделени во 10 категории.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...