Стопанската комора организира тркалезна маса на тема: „Владеење на правото како императив за стабилни и предвидливи услови за водење бизнис“.
Цел на трибината е бизнис заедницата да даде реален придонес во остварувањето на владеењето на правото и правната држава.
Во соопштението за настанот, од Комората велат дека е дојдено времето кога треба прашањето за владеење на правото во земјава да биде предмет на разгледување и од страна на бизнис-заедницата, како битна претпоставка која треба да биде исполнета во целост, за да можеме понатаму да се посветиме на прашањата поврзани со економијата, економскиот раст и подоброто бизнис-опкружување.
На настанот ќе бидат разменети искуства меѓу бизнис-заедницата, медиумите, дипломатите, научната и стручната јавност и ќе бидат утврдени конкретни препораки и заклучоци што ќе се испорачаат до носителите на државната власт.
Трклезната маса ќе се одржи на 26.8.2019 година (понеделник), во 11:00 часот
Стопанска комора на Македонија.