Стопанска делегација на Евроазискиот самит во Истанбул

Самитот е организиран од Фондацијата за стратешки и општествени истражувања „Мармара Груп“ со цел јакнење на економските врски меѓу Европската унија и земјите од Централна Азија, Кавказ, Балкан и Блискиот Исток.

68

Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, денеска и утре ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит што се одржува во Истанбул.

Самитот е организиран од Фондацијата за стратешки и општествени истражувања „Мармара Груп“ со цел јакнење на економските врски меѓу Европската унија и земјите од Централна Азија, Кавказ, Балкан и Блискиот Исток.

Ќе учествуваат претседатели на држави, поранешни и сегашни министри, амбасадори, стопанственици и претставници од науката, а ќе се дебатира на темите: „Технологијата наспроти политиката“; „Паметни градови“; „Климатски промени“ и „Жени кои го менуваат светот“.

Десетчлената делегација на македонските стопанственици за време на престојот во Истанбул ќе оствари и работна средба со раководството на Унијата на комори и берзи на Турција (ТОББ), како и со стопанственици од Турција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...