Стопанска банка а.д. Битола ја реотвори целосно ребрендираната експозитура на локација Стара Зграда – Битола

396

Во еден од најстарите и најубавите примери на архитектурата во Битола – Стара зграда, денес, Стопанска банка а.д. Битола ја реотвори својата целосно ребрендирана експозитура.

Стопанска банка а.д. Битола веќе подолго време е дел од Старата зграда која уште во доцниот 19ти век го просведочила постоењето на Отоманската банка, зградата која по Првата светска војна била превземена од француско-српска банка која отворила свои филијали во овој град и по Втората светска војна била седиште на Земјоделската банка.

Оваа „Зграда на банки’’ која со себе низ годините ја раскажува приказната на сите институции кои биле дел од неа,  се изразува со исклучителна автентика  на стилот на градба кој со себе ги носи елементите на француската архитектура богата со ренесансни и барокни елементи на фасадата . Портата на оваа зграда го има приматот за најубаво украсена и стилски компонирана порта во градот Битола.

Старата зграда со својата богата декорација на фасадата поврзана со ковано железо во деловите на прозорците, терасата, портата и примената на керамички украси неслучајно се издвојува како еден од најзначајните и најубавите објекти во градот Битола.

– Знаејќи ја историската важност која овој објект ја има пред се за градот Битола, а потоа и за нас како дел од истиот сметаме дека е совршеното место повторно да ја отвориме нашата експозитура. Интересен е фактот дека оваа зграда во различни времиња, во различни векови е седиште на различни банки кои постоеле на територијата на Република Македонија. Ние како банка, некриејќи ги исклучителните симпатии кои ова место ги буди во нас и чувствувајќи се како дел од таа „традиција’’, со задоволство повторно ги отвораме неговите порти и ја заживуваме историјата која со векови ја сведочи оваа зграда. Зад значајните историски барокни ѕидини во ребрендирата експозитура на клиентите ќе им понудиме ново, модерно и современо искуство, велат од Банката.

Ребрендираната експозитура со својот модерен изглед ги задоволува највисоките стандарди на функционалност, достапност и ефикасно опслужување на клиентите. Со отворањето на ребрендираната експозитура која се наоѓа на една од најфреквентните локации во градот на жителите им се овоможува полесен пристап и поголема достапност до сите финансиски услуги. Проширувањето на деловната мрежа на експозитури е голем чекор во определбата на Банката за сеопфатно задоволување на барањата на клиентите и е доказ дека Стопанска банка а.д. Битола во согласност со своите стратешки цели континуирано ги следи потребите и очекувањата на клиентите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...